Дмитриев: „Дијалогот меѓу Русија и САД продолжува, и во економската сфера“

Од:

Дијалогот меѓу Русија и Соединетите Американски Држави продолжува, и покрај недостатокот од јавни изјави, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странство и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.

– Дијалогот продолжува, без оглед на обидите на нашите непријатели да го нарушат или да ги дезинформираат нашите американски партнери. Колку повеќе станува јасно дека ескалацијата во Украина била многу погрешен чекор и дека во никој случај не ѝ помага на Украина, толку повеќе нашите партнери се ангажираат во дијалогот, рече Дмитриев.

Тој додаде дека дијалогот продолжува и во „економска насока“, пренесува Спутник.

Коментирајќи ги медиумските наводи за предлози за одржување средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Дмитриев потсети дека Русија има многу јасен став и за економските прашања и за мировните договори.

„Сè повеќе луѓе почнуваат да го разбираат тој став“, заклучи Дмитриев.

Би можело да ве интересира

Иран има што да каже за изборите: Американците и рекоа НЕ на војната

Додик го утна терминот, стигна во Америка точно за поразот на Трамп

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „ВЕТО“, „Не бев јас на ливчето“ – рекации на Трамп по големиот пораз

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Дебакл на Трамп, „синиот бран“ ги однесе и Сенатот и Конгресот

Катерина Ѓуровски

Дете почина од морбили во Њујорк, прв смртен случај од болеста во последните 30 години

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија