Џозеф: Обама ќе задржи континуитет кон Македонија

Од:

Едвард Џозеф, поранешен претставник на Меѓународната кризна група за Македонија, сега во Центарот за трансатлански односи во Вашингтон, оценува дека американската политика кон Македонија и проширувањето на НАТО и во новиот мандат на претседателот Барак Обама ќе се одликува со континуитет.

Џозеф смета дека и во изминатите години немало застој во активностите за проширувањето на НАТО.

– Не гледам причина за некоја драматична промена во политиката, и не верувам дека во изминатите четири години работата на проширувањето, на некој начин, се забави. Тоа е процес кој зависи од една земја кандидатка до друга, јасно е што секоја држава треба да стори. За Македонија, на сите ни е јасна која е пречката, и тоа е еден многу несреќен проблем, вели Џозеф.

Тој оценува дека изборот за премиер на Андонис Самарас, како политичар кој со своите националистички политики во 1990-те години го има создадено проблемот околу името на Република Македонија, го става во позиција да може сега да работи да се реши спорот. Според Џозеф, тоа што Самарас е неспорно тврд по прашањето на Македонија, значи дека грчката јавност ќе му верува доколку понуди решение, по примерот на американскиот претседател Ричард Никсон кој како познат критичар на комунизмот успеал да го совлада отпорот на нормализирањето на односите со комунистичка Кина.

По прашањето на подемот на грчкиот национализам, Џозеф вели дека меѓународната заедница може да и помогне на Грција, но дека вистинската промена мора да дојде одвнатре.

– Јасно е дека грчкиот бренд, грчката демократија, претрпеа многу штета. Подемот на Златна Зора и таквите групи, чувството дека земјата се движи без насока, неможноста да се сфати големината на предизвикот, честите избори што се држат едни по други, нивниот бренд дефинитивно многу е нарушен. Мислам дека најзначаен развој кој би можел да се случи во Грција нема да дојде од надвор, преку набљудувачи на ОБСЕ или на Советот на Европа, туку најголемото можно подобрување, кое би се одразило и на односите со Македонија, треба да дојде внатре во Грција. Од граѓанското општество и раководството во Грција, кое ќе сфати дека земјата мора да ги почитува основните демократски норми, а постоењето на нео-нацистички групи ги прекршува овие норми, смета Џозеф.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас