Џон Кери во Лондон ќе разговара за ситуацијата во Сирија и за спорот околу Фокландите

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери кој синоќа допатува во посета на Велика Британија, претпладнево се сретна со британскиот премиер Дејвид Камерон.

Британскиот главен град е првата етапа од 11-дневната турнеја на новиот шеф на американската дипломатија, низ Европа, Блискиот Исток и Турција.

На средбата во Даунинг стрит 10, станало збор за ситуацијата во Сирија, за Иран, но и за аргернтинско-британскиот спор околу суверенитетот на Фокландсиските острови. На островите, идниот месец ќе се оддржи референдум околу тоа дали Фокландите и натаму да останат под британска контрола, како што е тоа повеќе од 150 години.

Американскиот Стејт департмент во периодот додека Хилари Клинтон беше државен секретар, побара од двете страни да се спогодоат околу една заеднички прифатлива резолуција за островите, па Велика Британија сега сака да ја дознае позицијата на американската администрација околу стариот спор за Фокландите.

Според лондонските медиуми, извори во Стејт департментот, чиј идентитет не се откриени, објасниле дека останува позицијата на САД, според која, ја признаваат контролата на Велика Британија врз островите, но Вашингтон нема став околу прашањето на суверенитетот.

Џон Кери во Лондон ќе се сретне и со британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг. Официјален Лондон е задоволен што британскиот главен град е првата етапа на првата посета на Кери во странство. По Лондон тој ќе ги посети Париз, Рим, Берлин, каде ќе се сретне и со сириската опозиција, а ќе престојува и во Анкара, Каиро, Ријад и Абу Даби.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас