Осомничениот за нападот во Бостон Џохар Царнаев е префрлен во затворот Форд Девенс, со Масачусетс, од бостонската болница, каде пред една недела беше одведен по неговото апсење.
Деветнаесетгодишниот Чеченец, беше ранет во престрелка со полицијата неколку часа, откако властите објавија снимка на Џохар и неговиот 26-годишен брат Тамерлан, како главни осомничени за двете експлозии, кои избувнаа на 15 април за време на маратонот во Бостон, при што загинаа три лица, а над 200 беа ранети.
Тамерлан Царнаев загина во престрелка со полицијата. Џохар е официјално обвинет за нападот.