Британскиот актер Даниел Крег во неделата ненадејно се појавил Авганистан во посета на војниците од британскиот контингент носејќи им лично копија од последниот филм од серијалот за неуништливиот таен британски агенти.
Во соопштението издадено од британското министерство за одбрана се наведува дека Даниел Крег ги посетил британските војници во кампот „Бастион” и со сите 800 го одгледал филмот „Skyfall”.
Ја обиколил целата база, разговарал со војниците ја посетил болницата во кампот и истрелал неколку рафали на полигонот за вежбање со тешко вооружување.
„Имавме многу посетители тука, но доаѓањето на Џејмс Бондф навистина беше посебно”, изјави војникот Роб Инграм.