Диверзанти и убијци, сејачи на страв од ИСИЛ

Од:

Ал Џезира – Доха

Освојување на бази без двоумења, агресивна борба, документирање на брутални убиства на заложници и снимање на сите фази и детали на тие злодела, се се тоа методи на заплашување кои ги користи организацијата Исламска Држава Ирак и Левант ИСИЛ.

Целта на тоа делување е да се всади страв кај противникот, што ќе предизвика колапс на борбениот морал на ирачката и сириската војска, како и силите на курдските Пешмерги на боеното поле. Во своите борби против непријателот на територијата на Ирак и Сирија, ИСИЛ се служи со метод на заплашување на противникот и тоа со помош на диверзанти и кољаџии како успешен начин за остварување на таа цел.

Организацијата ИСИЛ, за која експертите велат дека не брои повеќе од 15.000 борци, се обидува да го надомести кусокот на борбена сила во однос на противниците така што ги снима своите борци и ги прикажува како тие кои се подготвени на смрт.

Тоа ќе го направат преку, како што ги нарекуваат маченички акции против непријателот, кои ќе ги спроведуваат нивните т.н. диверзанти.

Исто така, на своите непријатели наговестуваат дека во борба со нив не ги чека само смрт, туку и колење и сечење на главите, за што се задолжени посебни припадници на овие сили. Во Ирак и Сирија овие борци носат име кољаџии, бидејќи колењето е најчеста тактика на убивање која тие ја применуваат.

Па, кои се наводните диверзанти и лицата кои колат кои ИСИЛ ги користи за заплашување на своите непријатели и ја преземаат контролата на речиси половина територија на Ирак и на над една третина на територијата во Сирија?

Диверзанти

Во текот на неколку изминати месеци во судирот во Сирија кој влегува во својата четврта година, во борба против силите на режимот посебно се истакнува името на единицата диверзанти, како една од најсилните и нај издржливите формации.

Припадниците на овие формации се задолжени за реализација на тешки мисии и водење на диверзантски напади, како и правење дупки во непријателските редови, како подготвки за упад и преземање на контролата на над нивните бази.

Овој термин, кој го користи ИСИЛ и некои фракции на опозицијата, предизвикува ужасен страв кај припадниците на сирискиот режим. На самото спомнување дека во редовите на непријателската страна се наоѓаат единици на диверзанти, борците на сирискиот режим бегаат од своите борбени позиции. Овој метод повторно е користен и во последните борби кои ИСИЛ ги водеше против ирачката војска и курдските Пешмерги.

Со името диверзанти или Ал-Ангамасуан, ИСИЛ ги нарекува своите најхрабри војници, кои вршат диверзантски акции на стратешки точки и непријателски утврдувања.

Ал-Ангамасуан од прилика значи исто што и диверзнатска единица или специјални сили во редовната војска, кои обично добро се обучени и имаат одлични физички способности. Припадниците на овие единици носат црно знаме на ИСИЛ на кое со бели букви е напишано Нема Бог освен Алах, Мухамед е божји пратеник.

Ал-Ангамасуан се водат според борбената идеологија на мачење, за што сведочат и нивните диверзантски напади на добро познати и утврдени непријателски позиции со лесно вооружување. Носењето на појас со експлозив или возење на автомобил бомба исто така ја потврдуваа таа идеологија, што обично е проследено со простување на борецот, пишување на последна порака, а понекогаш и одредување на место на погреб, пред да се појде во акција.

Она според што акциите на Ал-Ангамасуан се разликуваат од самоубиствените или маченичките, е дека реализирањето на нови акции не значи нужно и извршување на самоубиство. Неколку пати се случувало овие борци да возат автомобил бомба до одредена непријателска цел, а потоа успешно да се извлечат и да извршат друга акција, според она што го тврдат некои нивни борци на видео снимки што ги објавува ИСИЛ.

Колачи

Покрај диверзантите ИСИЛ во последно време го користи колењето како метод на убивање на непријателот, откако ќе го заробат во битки или упади на нивните борбени линии. Покрај тоа, ИСИЛ се потпира и на документирање на акции на брутално убивање со колење, внимателно водејќи сметка да ги сними сите детали со слика и тон. Почнуваат со водење на заробеникот на местото на убивање, потоа ставање нож под вратот, а потоа кољачот ги изговара зборовите Алах е најголем, а со него и останатите борци кои присуствуваат на целиот случај.

По убивањето со колење следи обезглавување на мртвиот. Главата потоа му се обесува на јавно место, со намера да се заплаши непријателот, но и сите тие кои во иднина ќе се одлучат да се борат против ИСИЛ.

Во текот на изминатите две недели ИСИЛ изврши колективно убиство на припадници на војската на сирискиот режим, а потоа ја преземаа контролата над група 17 и бригадата 93 во покраината Ал-Рака на северот на Сирија.

Исечените глави потоа ги ставиле на кружниот тек Ал-Неем во центарот на Ал-Рака, кој инаку претставува нивно главно упориште во Сирија.

Поразот на ирачката војска и Пешмергите од ИСИЛ во изминатите недели и непосредно пред задушувањето на востанието на племето Алсаитат во Сирија на териториите под нивна контрола, некои експерти го припишуваат на успехот на методот со заплашување, како што се и наговестувањата на припадниците на ИСИЛ во борбата против своите непријатели. Тоа предизвика голем удар на борбениот морал на овие војници, над кои се надви страв од смрт со колење. 

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

ИСИЛ ја презеде одговорноста за нападот на концертната сала во Москва

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Во операција на специјалните сили во Турција уапсени 189 припадници на ИСИЛ

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска