Дисидент на ИРА убиен во Белфаст

Од:

Дисидент на поранешната Ирска републиканска армија (ИРА) е убиен среде бел ден во западниот католички дел од Белфаст.

Полицијата соопшти дека Томи Кресан бил застрелан со седум куршуми во едно депо за гориво. Убиството е извршено во прометен дел на северноирскиот главен град, во време кога поради Велгденските празници има многу луѓе на улиците.

Убиениот Кресан е поранешен висок функционер на одметнатата дисидентска „ИРА во Континуитетот“, но беше исклучен од групата уште пред неколку години, откако се разиде со другите дисиденти на републиканското движење.

Од тогаш постојано добивал закани дека ќе биде ликвидиран, а оние кои го познавале изјавија дека тој „бил сосема свесен“ дека може да биде убиен. Според изјави на сведоците, врз жртвата пукале тројца напаѓачи кои веднаш потоа исчезнале во непознат правец.

Полицијата покрена истрага за убиството, но верува дека ликвидирањето на Кресан е дело на северноирското политичко подземје. Тој е убиен на денот кога пред 16 години беше потпишана спогодбата од Стормонт со која се стави крај на непријателствата меѓу католиците и протестантите, што само ги засилува претпоставките дека зад убиството стои некоја од дисидентски групи кои не го прифаќаат мировниот процес.

Убиството на Томи Кресан го осуди градоначалникот на Белфаст, инаку член на Шин Феин, означувајќи го како „срамано дело“, како и британскиот министер за Северна Ирска, Тереза Вилерс.

– Верував дека сеништата на смртта и ваквите настани, кои потсетуваат на мрачното минато, се веќе далеку зад нас, изјави Вилерс

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден