Директорот на НАСА го поздрави успешниот старт на кинеската ракета кон Марс

Од:

Директорот на националната администрација за аеронаутички и вселенски истражувања, Џејмс Брејденстајн, ја поздрави Кина со успешното лансирање на ракетата -носител CZ-5 (Чанчжен-5) со првата кинеска сонда за испиувања на Марс „Тјанвен-1“.

Кина е на пат да стане дел од заедницата на меѓународни науќни истражувачи на Марс, соопшти тој на Твитер.

-САД, Европа, Русија, Индија и наскоро ОАЕ, ви велат добредојде на Марс, за почеток на возбудлива година на научни откритија. Добар пат на Тјанвен-1!, соопшто денеска директорот на НАСА.

Кинеската ракета стартуваше од космодромот Венчан на 23 јули околу 12.40 часот по локално време (8:40 по централно европско). Ракетата треба растојнието од Земјата до Марс (кое варира од 55 милиони до 400 милиони километри), да го помина за седум месеци а сондата да влезе во орбитата на Црвената планета и да орбитира уште околу три месеци за да направи фотографии од нејзината површина и да врши мерења.

Потоа, сондата ќе се спушти на површината на Марс, каде во употреба ќе стапи марсоход за испитувања на површината, состав на почвата, карактеристики на атмосферата и климатските услови, но и ќе трага по вода и признаци на живот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски