Директорот на ЦИА нареди широка внатрешна ревизија на Агенцијата

Од:

Директорот на американската Централно разузнавачка агенција ЦИА, Џон Бренан нареди реорганизација на агенцијата, која што доби голем број критики бидејќи не предвидела некои закани во светот, меѓу кои и офанзивата на џихадистите на Блискиот исток, пишува „Вашингтон пост“.

-Време е да ја реорганизираме својата сегашна структура, како и начините на нејзино функционирање- рече Бренан во пораката до вработените.

„Вашингтон пост“ оценува дека шефот на ЦИА ја донел оваа одлука со цел полесно да се соочи со тешкотиите во врска со прибирање информации во Сирија, каде што американското воено воздухопловство ги бомбардира позициите на ИСИС.

-Постојат неверојатен број различни закани како што се онлајн пиратеријата, закани на Блискиот исток или во Украина. Потребно е повремено да ја провериме својата работа , со цел полесно да се соочиме со предизвиците во иднина- рекол за американкиот весник неименуван извор близок до разузнавачката служба на САД.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД