Директорот на Би-Би-Си против „влез“ на Владата во компанијата

Од:

Генералнот директор на Би-Би-Си, Тони Хол се спротивтстави денеска на „влегување“ на британската Влада во управувните тела на компанијата.

Тој го отфрли предлогот на едно независно истражување за иднината на компанијата, со кој се заговара наместо досегашниот Би-Би-Си Траст, општествен совет од познати јавни личности, да се создаде Одбор на директори, од кои половината би биле именувани од британската влада.

Според Хол, ваквиот предлог претставува ризик компанијата првпат да се претвори во државна радиодифузна фирма.

Хол вели дека нема ништо против за „транспарентност и независност“ во одлучувањето за иднината на управувањето со компанијата, но е загрижен поради предлогот, претседателот и потпретседателот, како и четворица други надворешни членови на Одборот да бидат назначени од Владата.

Британскиот министер за култура Џон Витингдејл, претходно, ја критикуваше определбата на Би-Би-Си за „комерцијализација на програмите“, што според него повеќе им одговара на комерцијалните компании.

Директорскиот тим во компанијата ги отфрли ваквите критики, тврдејќи дека токму сега Би-Би-Си направила цела низа програми кои се сосема налик на она по што се препознава компанијата во Велика Британија и во светот.

Реакцијата на генералниот директор и на раководството на оваа јавна медиумска компанија со свое посебно место во информативниот простор во земјата, но и во британското општество, доаѓа во екот на подготовките на Владата за нова Повелба на Би-Би-Си, со која се очекува да се определи и статусот на телевизиската претплата околу која има бројни поделени мислења.

Комерцијалните телевизии реагираат дека Би-Би-Си собира повеќе од три милијарди фунти годишно од задолжителната претплата, а сепак продолжува да навлегува во комерцијалниот сектор, јавувајќи се како „привилигиран“ конкурент на оние кои живеат само од пазараот.

Дел од британските ториевци, а посебно нивните весници, заговараат укинување на претплатата или нејзина поинква распределба, со која Би-Би-Си не би имал „привилегиран“ статус.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он