Дипломатскиот фокус на САД сега се префрла на војната во Украина

Од:

Откако ќе биде потпишан Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран, дипломатската активност на САД ќе се фокусира на војната во Украина, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп.

– Имавме многу добар разговор со претседателот (на Украина) Володимир Зеленски и претседателот (на Русија) Владимир Путин и гледам дека можеби можеме да направиме нешто, навистина. Мислам дека двајцата се отворени за тоа. Знаете, сега ќе се фокусираме на Украина, рече Трамп.

Зеленски рече дека понудил средба на маргините на самитот на Г7 со Путин за да разговараат за завршување на четиригодишната војна, но дека рускиот лидер „не бил подготвен да разговара“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници