Дипломатски спор меѓу Унгарија и Холандија, Будимпешта го повлече својот амбасадор

Од:

Будимпешта го повлече својот амбасадор во Хаг на консултации, откако холандскиот амбасадор во заминување во Унгарија ја обвини Владата на премиерот Виктор Орбан дека користи тактика слична на исламските терористи.

– Муслиманските терористи создаваат непријатели на ист начин како и унгарската Влада, изјави вчера холандскиот амбасадор Гајус Шелтема во интервју за унгарското списание „168 Ора“.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто истакна дека на неопределено време нема да има комуникации на амбасадорско ниво меѓу двете земји.

– Тоа е најрадикален потег во дипломатијата, нагласи Сијарто.

Тој додаде дека од холандското Министерство за надворешни работи побарал објаснување во врска со изјавите на амбасадорот Шелтема.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација