Дипломати на ЕУ: Унгарија се заканува дека ќе го блокира продолжувањето на санкциите против Русија

Од:

Унгарија се заканува дека ќе го блокира продолжувањето на санкциите на Европската унија против Русија, ги пренесе ДПА тврдења на неименувани дипломати.

Според изворите, унгарската Влада се заканува да ги укине санкциите против тројца руски олигарси – Алишер Усманов, Пјотр Авен и Виктор Рашников.

Тројцата се наоѓаат на списокот речиси 1.200 лица кои беа санкционирани од ЕУ поради нивната поддршка за руската инвазија на Украина и чии средства се замрзнати, а исто така им беше забранет влез во ЕУ.

Санкциите против нив истекуваат доколку не бидат продолжени до 15 септември.

Според дипломатите, ЕУ денеска се надеваше дека ќе го има договорот од сите 27 земји-членки за продолжување на санкциите. Тоа е условено со едногласност, што значи дека сега се потребни повеќе преговори.

Дипломатите на ЕУ истакнуваат дека унгарскиот премиер Виктор Орбан сè уште има добри односи со рускиот претседател Владимир Путин и неколку пати последните месеци ги блокираше предлозите за продолжување на санкциите против Москва.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина