Дик Чејни: Претседателот Џорџ Буш знаеше за програмата на ЦИА

Од:

Поранешниот американски потпретседател Дик Чејни, изјави дека претседателот Џорџ Буш бил „целосно информиран“ за програмата на ЦИА за испитување, што Сенатот на САД ја осуди во својот извештај објавен вчера.

Во интервју за американата телевизиска мрежа Фокс-Њуз, Чејни рече дека претседателот Буш „знаел се што требало да знае“ за програмата (на ЦИА) и остро го критикуваше сенатскиот извештај за работата на разузнавачката Агенција, нарекувајќи го „купишта измет“.

ЦИА во своја одбрана тврди дека применувала методи за изнудување признанија и податоци од лица кои беа осомничени за тероризам по терористичките напади во Њујорк и Вашингтон од 11 септември 2001 година, во кои беа убиени три илјади лица.

Извештајот на американскиот Сенат тврди дека ЦИА ги криела своите методи од политичарите и ги мамела во своте извештаи за програмата што ја спроведувала, што значи дека домашните политичари не биле информирани за она што се прави.

Дик Чејни, меѓутоа, ги отфрла ваквите заклучоци и ја брани ЦИА, тврдејќи дека Агенцијата не работела „на диво„ ниту се однесувала како некаква ѓаволска организација“, па затоа вели дека извештајот на Сенатот е целиот „исполнет со лаги“.

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш, уште пред да биде обелоденет извештајот, ја бранеше работата на ЦИА во борбата против теророт.

– Имавме среќа што постоеја мажи и жени во ЦИА кои работеа макотрпно, служајќи и на својата земја, изјави во неделата Буш во разговор за Си-Ен-Ен.

Сенатскиот извешај во својата осуда на постапките и методите на Агенцијата оценува дека тие биле без никаков ефект и дека не помогнале да се спречат заканите со кои се соочуваше САД, но поранешниот потретеседател Чејни вели дека сето тоа не е точно.

– Програмата на ЦИА спаси многу човечки животи, па затоа Агенцијата треба да добие признание, а не да биде осудена, рече Дик Чејни во интервјуто за Фокс-Њуз.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски