„Ди пресе“: Милош Земан е кандидат за политички шарлатан број еден

Од:

Австрискиот весник „Ди пресе” во денешниот коментар го сместува чешкиот претседател, Милош Земан меѓу најголемите политички шарлатани, јави дописникот на МИА од Прага.

Според весникот, Земан може слободно да конкурира за „шарлатан број еден” наместо поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Весникот додава дека конкурент на таа позиција може да биде и претседателот на унгарската Влада, Виктор Орбан.

– Орбан, веќе три години крстари низ политичката сцена како булдожер, создавајќи се подлабоки ровови во општеството и постојано обидувајќи се да го излечи уставот на земјата, така што експерти од Советот на Европа веќе зборуваат „за сериозна закана за демократијата”, пишува коментаторот Буркард Бишоф.

Бишоф додава дека „еден средноевропски политичар силно се труди да го заземе највисокото место меѓу политичките дилетанти на Континентот- Чехот Милош Земан”.

– Како левичарски популист, до сега можеше да смета на умерени медијални критики од меѓународната лево-либерална струја повеќе од националистичкиот конзервативец Орбан и тој тоа го искористи, се вели во коментарот на „Ди пресе”.

Токму од тие причини, коментира весникот, на Чесите не им останува ништо друго, освен да се сеќаваат на големите историски мажи, како Томаш Гарик Масарик или Вацлав Хавел.

Притоа, се споменува случајот кога при една приватна посета на поранешниот чешки претседател Хавел на еден ресторан во Виена, доби овации и ракоплескања од останатите гости.

– Ако виенска кафеана биде посетена од актуелниот Земан, би требало да се стави предупредувачки натпис: Внимание, неконтролирана стрела!, додава весникот.

Според него, политичките шарлатани како Берлускони, Орбан и Земан се грижат само за ширење на своето влијание и одржување на партиската и својата моќ, а доброто на граѓаните им е на второ или трето место.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски