Седумнаесетгодишната Алејна Олмез беше спасена од урнатините 248 часа по разорните земјотреси што ги погодија јужна Турција и Сирија. Таа беше извлечена од под урнатините во населбата Кајабаси во Кахраманмарас.
Таа моментално се наоѓа на лекување во болница во Анкара, а во средата ја посети турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга Емине. Таа е среќна поради посетата на претседателот и првата дама на Турција.
„Нашиот претседател дојде во посета, се чувствував добро, се чувствувам горда. Убаво е чувството да се има толкава поддршка“, рече Алејна.
Како што рече, поминала низ тежок период.
“Се борев, не сакав да се откажам. Сите ми даваа голема поддршка и ми помагаа. Ви благодарам многу за се”, изјави Алејна. Нејзината тетка Ѓулер Думан рече дека е среќна што Алејна била спасена од под урнатините.
„Не очекувавме дека тоа ќе се случи, но кога излезе Алејна, за нас беше чудо. Во исто време доживеавме и радост и тага“, рече Думан, кој им се заблагодари на сите, особено на лекарите кои се грижеа за Алејна. Откако Алејна беше извлечена од урнатините, д-р Џенгиз Дилбер рече дека е неверојатно што таа е во толку добра здравствена состојба со оглед на тоа што била под урнатините 248 часа.
“Бевме изненадени што нејзините телесни функции се добри и што функцијата на бубрезите не и се влоши. Тоа е неверојатна работа. Нејзиното здравје е многу добро. Се разбира, има и трауми”, изјави Дилбер.