Девојка „заработи“ сериозни изгореници по главата и телото откако зетот ја поли со бокал жешка вода

Од:

Дваесет и деветгодишната Шарлот Фостер се здоби со изгореници од прв и втор степен откако вереникот на нејзината сестра Бен Квин (28) ја нападна, па ја поли со жешка вода.

Несреќата се случила после расправија кој да се грижат за домашно милениче глодар. Таа му се довери на Бен, исто така сопственик на глодар, да го причува миленичето додека таа оди на ветеринар каде што требало да го однесе својот домашен миленик Руби, исто така глодар.

Бен се налути кога дозна каква „терапија“ добил по што настана расправија преку СМС. Вознемирена, Шарлот отиде во неговата куќа истиот ден да се извини. Но, нивниот разговор лице в лице стана уште погруб и заврши со тоа што Бен врз Шарлот истури зовриена вода од котелот, пишува British Metro.

– Сè се случи толку брзо. Сè уште го чувствувам тоа печење во главата, ушите и вратот додека Бен го истури котелот врз мене. Тој продолжи да ја истура водата додека јас врескав да престане. Никогаш не сум почувствувала таква болка – вели Шарлот.

Таа успеа да побегне од местото на настанот и итно беше пренесена во болницата Камберленд во Камбрија. Таа беше лекувана од тешки изгореници на главата, вратот и рамената.

– Гледав како пегите буквално ми исчезнуваат од лицето додека кожата ми се топеше – вели таа.

Поради оваа несреќа таа не гледаше на левата страна околу 38 часа, а имаше болни плускавци на градите, увото и левата страна од лицето.

– Се згрозив кога се погледнав во огледало, бидејќи пегите почнаа да ми ја менуваат бојата. Во текот на првиот месец од кафена станаа црни и паднаа – рече таа.

Бен беше уапсен подоцна истиот ден и ослободен со кауција. Тој се изјасни за виновен за тешки телесни повреди и беше осуден на 21 месец затвор и пет години забрана за приближување.

И покрај затворската казна на Бен, Шарлот вели дека „никогаш нема да биде доволна за менталната и физичката болка“ што таа ја преживеа.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас