Девојчето што се расплака пред Меркел доби азил до 2017 година

Од:

 Палестинското девојче, кое дојде на насловните страници на медиумите откако се расплака пред германската канцеларка Ангела Меркел за време на настан што го пренесуваа медиумите, доби азил во период од две години, јави допсиникот на МИА од Берлин.

Малата Реем Шавил и нејзиното семејство ќе можат да останат во земјата најмалку до октомври 2017 година врз основа на успешната интеграција во германското општество, објави весникот „Билд“.

Во јули годинава 14-годишната Реем се расплака пред телевисиките камери додека на течен германски се обидуваше да и објасни на Меркел дека во Германија дошла во 2011 година од бегалски камп во Либан.

– Имам цели во животот како и секој друг, Сакам да студирам како другите деца… не е лесно кога гледате како другите уживаат во животот, а јас не го можам тоа, изјави тогаш расплаканата Реем пред германската канцеларка, која и одговори дека „понекогаш политиката е тешка“ и дека Германија нема капацитет да ги прими сите бегалци во светот.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад