Девојче e убиено во Франција откако се скара со соседот за оградата

Од:

Британско девојче (11) е убиено во својот двор во Франција. Солен Тортон била застрелана додека си играла пред нејзиниот дом во село во близина на Кемпер во регионот на Бретања околу 22 часот во саботата.

Нивниот сосед, 71-годишен Холанѓанец, наводно испукал неколку истрели кои ги погодиле Солен и нејзините родители.

Нејзината сестра Селест (8) не била погодена и успеала да истрча кај соседите и да повика помош.

Локалните власти соопштија дека имало проблеми меѓу соседите околу живата ограда и парцелата.

Обвинителот Камил Миансони им рече на новинарите дека „таткото ја поткаструвал живата ограда што ги дели двата имоти, што ја влошило ситуацијата, па дошло до кавга меѓу соседите“.

„Подоцна, осомничениот зел наполнета пушка од 22 мм – испукани до патрони и ги погодил трите жртви“, рече тој.

Обвинителот додаде дека засега нема докази дека осомничениот имал психички проблеми.

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна