Деветмина полицајци се повредени во судирите со учесниците на еден марш во Белфаст, откако полицијата не им дозволиле да влезат во центарот на главниот град на Северна Ирска.
Најнасилнички настроените демонстранти почнале да фрлаат запаливи бомби, камења и стаклени шишиња по полицијата, додека силите на редот одговориле со водени топови.
Во соопштението на северноирската полиција се вели дека четири лица, од кои тројца мажи и една жена, се уапсени за насилничко однесување. Двајца од нив се задржани во притвор.
Според полицијата, вината за инцидентот е кај организаторот на маршот- Лигата против интернирањето- на локалните републиканци-католици. Полицијата тврди дека раководството на Лигата, не го почитувала договрот со специјалната комисија за паради, која претходно им определила термин за одржувањето на парадата, како и траса по која требало да се движат.
Кога учесниците на парадата секале да дојдат до центарот на Белфаст, биле запрени од полицијата.Организаторите побарале од насобраните учесници да си заминат, но наместо тоа, почнала расправија со полицијата, а потоа избувнале и судири.
Маршот бил организиран во знак на сеќавање на времето кога во Северна Ирска постоел притвор со интернирање, без судење, за „сомнителните„ лица, најчесто од редовите на републиканските националисти- католици. Ваквата пракса, британските сили за безбедност ја користеле во „немирните години„ во покраината и судирањата меѓу католиците и протестантите.