Во вооружени судири што денеска започнаа во близина на аеродрмот „Митига“ во Триполи, загинаа најмалку девет лица, а 30 се повредени.
Нападот бил извршен од страна на вооружена група во близина на аеродомот, каде што се наоѓа затвор со 2.500 затвореници. Според специјалните антитерористички сили „Рада“, групата имала цел да ги ослободи сите затвореници.
Нападот ја попречил работата на аеродромот, а сите патници и целиот персонал бил евакуиран.