Најмалку девет лица загинаа денеска во напад на сепаратистите во југозападен Пакистан, соопштија пакистанските власти.
Нападот, кој според властите, бил етнички мотивиран, се случил во градот Хуб, околу 640 километри југозападно од главниот град на провинцијата Балучистан, Квета.
Напаѓачите киднапирале 11 работници, ги прашале за нивната етничка припадност, а потоа отвориле оган кон оние кои биле од провинцијата Пенџаб, додека двајца од Балучистан ги ослободиле, изјави локалниот функционер Фавад Сомрo.
Провинцијата Балучистан изминатите десет години ја напуштиле над 300 илјади лица поради верските и етничките немири.