Девет бремени Американки се заразиле со зика, Бразил вети ќе го совлада вирусот пред Олимпијадата

Од:

Заразување со вирусот зика било потврдени кај девет бремени државјанки на САД, јави ДПА.

Сите тие посетиле или живееле во места каде што вирусот активно се распространува. Три од нив родиле и во еден од случаите детето страдало од реткото нарушување микроцефалија.

Две од жените избрале да извршат абортус, додава ДПА.

Се истражуваат и други десет случаи на можно заразување со зика меѓу бремени жени.

Вкупно биле потврдени 107 случаи на заразување при посета на други земји. Ниту еден од нив не се заразил на територијата на САД.

Центарот за контрола на заразни заболувања во САД соопштува дека кај три жени е потврдено заразување со зика, кое веројатно го добиле преку сексуален контакт со партнер, кој неодамна патувал во област, каде вирусот активно се распространува, јави ДПА.

– Ситуацијата во врска со ширењето на вирусот зика во Бразил ќе биде совладана пред почетокот на Олимписките и Параолимписките игри, што ќе се одржат во Рио де Жанеиро во август, изјави Едину Силва, портпарол на претседателката Дилма Русеф.

Тој изрази уверување дека бразилските власти водат борба со комарците, кои го пренесуваат вирусот.

Властите ќе се стремат да покажат дека е постигнато реално намалување на случаите на заразување со вирусот зика. – Тоа е единствениот начин да се добие довербата на туристите и спортистите, додаде тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата