Деталната eпидемиолошка истрага од носачот на авиони „Шарл де Гол“ важна за подобро запознавање со Ковид-19

Од:

Медицинската служба на вооружените сили на Франција спроведе многу детална анализа за епидемијата на носачот на авиони „Шар де Гол“, што мораше да биде вратен во своето матично пристаниште во Тулон, откако во април 1.064 морнари (од вкупно 1.767 тестирани) беа позитивни на „Ковид-19“, јави дописникот на МИА.

Во испитувањето телефонски биле интервјуирани 1.568 морнари присутни на бродот меѓу 21 февруари и 13 април (199 не успеале да ги добијат или одбиле да одговорат ). На бродот имаше 1.064 потврдени случаи затоа што биле тестирани позитивно непосредно пред враќањето во пристаништето или за време на масовната кампања на тестирање или затоа што страдале од губење на вкус или мирис, симптоми признати како специфики на болеста.

Токму овие случаи на губење на мирисот и вкусот, овозможуваат ретроспективно да се утврдат почетоците на епидемијата. Првиот случај датира од 28 февруари. Следат два нови случаи на почетокот на март, а потоа четири се случиле за време на престојот во Брест, меѓу 14 и 16 март. Во оваа пригода, барем еден симптоматски случај е на бродот. Реконструкцијата на динамиката на епидемијата, која се разгорува многу брзо, укажува на тоа дека неколку други морнари, кои се уште се асимптоматски за време на престојот во Брест, исто така, го носеле вирусот. Генетските анализи на вирусите ги потврдуваат овие претпоставки. Циркулирале различни видови, и тие се компатибилни со првото рано воведување на вирусот во февруари, а потоа повеќекратниот вовед за време на престојот во Брест што ја „зајакнува“ епидемијата.

Една недела подоцна, веќе има околу 40 случаи, а на 30 март веќе околу стотина, кога се олабавиле правилата за социјално растојание по престојот во Брест (откажување на состаноци, намалување на зачестеноста на брифинзите, правила за спорт и др.).

На 30 март се организираше концерт на кој присуствуваа една третина од морнарите. Веројатно тоа не помогна, но не играше ниту круцијална улога во епидемијата, тврдат во нивната демонстрација авторите на студијата. Динамиката на епидемијата беше точно иста во деновите што следуваа меѓу оние кои присуствуваа на концертот и оние што не беа. Накратко, епидемијата веќе почна и не можеше да се запре. Два дена подоцна, се пријавуваат речиси 50 нови дневни случаи. Тоа е многу брутално разгорување на епидемијата. Сепак, дури на 5 април медицинската служба конечно предупреди за евентуална зараза на носачот на авиони!

-Епидемиолошкиот сигнал за можна епидемија на Ковид-19 на носачот на авиони, се чини, е откриен предоцна, посочуваат експертите.

Не можејќи да направат виролошки тестови на бродот, лекарите ја користат „историската“ дефиниција на јавното здравство во Франција: клинички знаци на акутна респираторна инфекција со треска… Откако дојде до зголемување на хоспитализациите за овие симптоми и зголемување бројот на консултации ги натераат лекарите да помислат на Ковид-19.

Популацијата на носачот на авиони е прилично млада и има добра здравствена состојба, сериозните случаи може да го претставуваат само видливиот дел на ледениот брег (студијата, исто така, ќе идентификува само 29 сериозни случаи на крајот, или 2,4 отсто ). Исто така, од 22 март знаевме дека губењето на мирис или вкус е симптом. Иронично, оваа студија го потврдува тоа извонредно: околу половина од заразените морнари страдаат од анозмија (57 отсто) и / или агнузија (47 отсто).

Ден по оваа доцна предупредување, епидемијата веќе го достигна својот врв … Два дена подоцна, на 8 април, на морнарите (конечно) им беа дадени маски.

-Тешко е да се направи поделба помеѓу ефективноста на широко распространетата употреба на маската и големиот број на заразени лица, што, де факто, доведува до крај на епидемија, се истакнува во студијата. Вирусот очигледно не успева да зарази нови луѓе, патем, тоа докажува дека инфекцијата сепак им дава имунитет.

Повеќе од 65 отсто од екипажот на „Шарл-де Гол“ се заразени.

Процентот на асимптоматски случаи на носачот на авиони е 13 отсто и се совпаѓа со 17 отсто пронјадени во Крепи-ан-Валоа, во Оаз, во друга студија на случај спроведена од Институтот Пастер. Студијата меѓу другото го потврдува она што веќе се знае за болеста: возраста и прекумерната тежина се главните фактори на ризик за развој на сериозна форма, додека тутунот многу чудно штити од инфекција со вирусот.

Од 1.600 морнари кои се наоѓаат во „Шарл-де Гол“, нешто повеќе од една третина се пушачи. Ова го потврди изненадувачкиот факт што веќе е забележан во другите студии: пушачите имаат помала веројатност да заболат од Ковид-19 од другите. Процентот на пушачи кај „заразените“ е всушност 32 отсто додека е 45 отсто во групата што не заболила од оваа болест. Од сите испитани фактори, дебелината, крвната група и возраста, пушењето го има најголемото влијание врз ризикот од заболување.

-Полот, возраста, индекс на телесна маса и крвната група не се разликуваа (значително) помеѓу заболните и незаболните, се забележува во извештајот од Центарот за епидемиологија и јавно здравје на армијата. Од друга страна, откако ќе се зарази со болеста, машкиот пол, возраста и прекумерната телесна тежина го зголемуваат ризикот од развој на сериозна форма, која веќе е добро утврдена од почетокот на епидемијата. Студијата исто така открива дека „пушењето било заштитен фактор за тешки форми“, што е многу повеќе изненадувачки. Од 29 сериозни случаи регистрирани на бродот, само двајца пациенти биле активни пушачи. Но затоа, 20 од нив биле со прекумерна тежина, со индекс на телесна маса поголема од 25, многу јасен знак за важноста на овој фактор на ризик кај младите луѓе кои го сочинувале најголем дел од екипажот (72 отсто под 35 години).

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата