Десетина сепаратисти упаднаа во владина зграда и го отстранија шпанското знаме

Од:

Повеќе од десетина приврзаници на идејата за независност на Каталонија насилно влегоа во зградата на владиното претставништво во градот Гирона.

Тие го остранија шпанското знаме и го поставија она кое ја симболизира независноста.

Медиумите пренесуваат дека лицата на некои од активистите биле прекриени со марама, а нивниот влез не успале да го спречат полицајците и припадниците на обезбедувањето.

„Каде е сега премиерот Педро Санчез? Дали вака во Германија може да се влегува во институции? Сепаратистите ја претвораат Каталонија во територија на беззаконие“, изјави Алберт Ривера, лидер на партијата „Граѓани“, којашто поддржува целовитост на Шпанија.

Се наведува дека претходно друга група ја зазела локалната железничка станица и седејќи на пругите го стопирала сообраќајот.

Десетици илјади Каталонци се собраа денеска во центарот на Барселона во знак на обележување на првата годишнина од референдумот за независноста, кој шпанските власти го прогласија за нелегален, а демонстрантите накратко се обидоа и да ги блокираат патиштата и пругите во овој регион на Шпанија.

Голем број студенти на централниот градски плоштад го вееја знамето на Каталонија и извикуваа „Први октомври нема да го простиме, нема да го заборавиме“, пренесе „Ројтерс“.

Недалеку оттаму, други демонстранти испукаа огномет и димни бомби.

Поранешниот каталонски лидер, Карлос Пучдемон изјави дека луѓето од Каталонија треба да останат обединети во борбата за остварување на нивната цел, да се отцепат од Шпанија.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

Сирија има ново знаме