Десетици илјади Французи демонстрираа за поддршка на геј правата

Од:

Десетици илјади демонстранти денеска излегоа во Франција за поддршка на истополовите бракови, откако пред една недела околу 100.000 лица протестира против плановите на Владата во таа насока, јави ДПА.

Според организаторите на најголемите протести, одржани во Париз, се вклучиле десетици илјади лица. Социјалистичката Влада планира во јануари да воведе закон, со кој се прошируваат правата на хомосексуалците да склучуваат бракови и да посвојуваат деца.

Весникот „Журнал ди Диманш“ денеска објави податоци од истражување на јавното мислење, според кои 60 проценти од гласачите го поддржуваат зголемувањето на правата на геј двојките, но само 46 проценти се за тие да имаат право да посвојуваат деца.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано