Десетици илјади демонстранти во американските градови против новата имиграциска политика

Од:

Десетици илјади демонстранти вчера излегоа на улиците на американските градови и аеродроми на протести против извршната наредба на претседателот Доналд Трамп, со која се забранува влез во земјата на граѓани на седум држави со доминантно муслиманско население, пренесоа британските медиуми.

Во Њујорк, Вашингтон и Бостон вториот бран протести почна во саботата, по спонтаните митинзи на многу аеродроми, кога имиграциските власти почнаа да ја применуваат претседателкската извршна наредба (указ).

Одлуката на Трамп, која го забранува прифаќањето сириски бегалци и влезот во САД на патниците од Ирак, Иран, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан, доведе до апсење и депортирање на стотици луѓе, кои пристигнаа на американските аеродроми.

Еден од најголемите вчерашни протести се одржа во Батри парк, на Менхетен, недалеку од Кипот на слободата, во њујоршкото пристаниште, еден од најпопуларните американски симболи и првиот што го виделе милиони емигранти кои го минувале океанот од Европа и пристигнувале во Америка.

Главниот говорник, сенаторот демократ од Њујорк, Чарлс Шумер, пред насобраните изјави дека указот на Трамп е антиамерикански и е во спротивност со основните вредности на земјата.

Во Вашингтон илјадници луѓе се собраа на плоштадот Лафает, во близина на Белата куќа, со повиците „Нема омраза, нема страв, бегалците се добредојдени“. Демонстрантите го наполнија целиот простор околу Белата куќа и Министерството за финансии. Поворката тргна од Белата куќа продолжи долж авенијата Пенсилванија и запре пред Меѓународниот хотел Трамп, каде се извикуваше „Срамота, срамота, срамота“.

Според податоците на полицијата во протестите учествуваа приближно 8.000 лица.

Истовремено приближно 200 лица учествуваа на протестот на меѓународниот аеродром Дулес, крај Вашингтон, каде во саботата вечерта многу поголем број демонстранти се собраа на бучни демонстрации. Неколку стотици лица протестираа и на њујоркшкиот аеродром Џон Ф. Кенеди, каде загрижени семејства ги чекаа своите најблиски, кои со часови биле држени приведени по своето пристигнување на американско тло, а биле засегнати од указот на Трамп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени