Десет лица загинаа, а 25 се ранети во самоубиствен напад кај Багдад

Од:

Десет лица загинаа, а 25 се ранети денеска откако бомбаш самоубиец активира автомобил-бомба на контролен пункт покрај Багдад, изјавија претставници на полицијата и болнички извори, јави БТА.

Експлозијата се случила во момент, кога конвој со возила, кои превезувале борци од шиитска милиција го минувал контролниот пункт во населеното место Јусифија, на 15 километри јужно од Багдад.

Меѓу настраданите има полицајци и војници, како и цивили.

Бомбашкиот напад се случи за време на офанзивата на владините сили врз градот Мосул, која почна рано изутрината.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Запалена шведската амбасада во Багдад

Катерина Ѓуровски

Поддржувачите на ал Садр се повлекуваат од Зелената зона во Багдад

А1он

Приврзаници на ал Садр упаднаа во владината палата во Багдад

А1он

Експлозија во Багдад, цел бил австралиски дипломат

А1он

ВИДЕО: Две ракети паднаа во близина на американската амбасада во Багдад

А1он

Две ракети ја погодија зелената зона во Багдад, во близина на Американската амбасада