Десет цивили загинаа во најновото руско гранатирање

Од:

Најмалку 10 украински цивили загинаа, а 20 се ранети во најновото руско гранатирање, јавува Асошиејтед прес (АП), повикувајќи се на канцеларијата на украинскиот претседател.

Регионалните власти тврдат дека најмногу настрадале градовите и селата на истокот и југот на земјата кои се во домет на руската артилерија.

Шест лица загинаа во регионот Доњецк, две во Херсон и две во регионот Харков, извести АП.

Гувернерот на Доњецк Павло Кириленко ја обвини руската армија дека употребила фосфорна муниција во гранатирањето на селото Званивка, кое е на околу 20 километри оддалечено од Бахмут, градот каде се водат најжестоките битки во последните месеци.

Тој додаде дека во гранатирањето биле оштетени и станбени згради и две училишта во блискиот град Вухледар.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков