Турската армија соопшти денеска дека 10 членови на Курдската работничка партија (ПКК) биле убиени во југоисточниот дел од државата, јави ДПА.
Седуммина биле убиени по удар од воздух и тројца во судири синоќа во Хакјари и Јуксекова, се додава во соопштенеито.
Во регионот на Шарнак бил пронајден и труп на припадник на ПКК, јави ДПА.