Денот на жената во Словенија може да стане државен празник

Од:

Меѓународниот ден на жената – 8 Март во Словенија ќе биде државен празник доколку за тоа се усвои иницијативата на Социјалдемократите (СД), една од партиите во коалициската Влада на премиерот Марјан Шарац.

Иницијативата за тоа е на женскиот форум на партијата, чија претседателка Нева Грашиќ рече дека сакаат повторно да ја реафирмираат постојаната борба за рамноправност на жените во општеството.

– Кога ја спомнуваме борбата за рамноправност, тогаш зборуваме за достојна егзистенција, економска стабилност и застапеност на водечки позиции и во политиката, рече Грашиќ на прес-конференција во седиштето на партијата, додавајќи дека Денот на жената треба да се одбележи не само симболично, со црвени каранфили, туку и со борба за подобро партнерство во општеството, меѓугенерациска солидарност и повисоки плати за жените.

Во Словенија засега со закон се дефинирани 12 државни празници, но од нив пет се неработни, па се нарекуваат и спомен-денови со церемонијални државни прослави.

 

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски