Денеска почнува зимата

Од:

Денеска во 12 часот и 12 минути, во Република Македонија и на северната полутопка почнува зимата. Во исто време за жителите на јужната полутопка почнува летото.

Тоа е најран датум на почеток на зимата уште од 1896 година. Во тој момент, на северната полутопка сончевите зраци ќе паѓаат најниско над хоризонтот, а највисоко ќе бидат на јужната полутопка, односно над јужниот пов­ратник.

Затоа, денеска на северната полутопка ќе биде најкус ден во годината, а на јужната полутопка ќе биде најдолгиот ден. Во Македонија, најкусиот ден ќе трае 9 часа и 7 минути, кога Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 58 минути, а ќе заједе во 16 часот и пет минути.

Зимата на северната полутопка е најкратко годишно време и трае околу 88 дена, два до три дена покусо од другите годишни времиња.

Зимата ќе заврши на 20 март 2013 година во 13 часот и две минути, за време на пролетната рамноденица.

Би можело да ве интересира

Земјата денес е најблиску до Сонцето

А1он

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он