Денеска 35 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Од:

Огромната и празна зона околу нуклеарната централа во Чернобил, местото на најтешката нуклеарна несреќа во светот што се случи на денешен ден пред 35 години, е страшен споменик на човечките грешки, а сепак Украинците бараат инспирација, удобност – и приход од тоа.

Реакторот број четири во електраната на 110 километри северно од главниот град Киев експлодираше на 26 април 1986 година, кога радиоактивниот материјал беше исфрлен високо кон небото.

Советските власти ја влошија катастрофата не успевајќи да и кажат на јавноста што се случило.

Иако блискиот град Припјат беше евакуиран следниот ден, два милиони жители на Киев не беа информирани и покрај опасноста. Остатокот од светот дозна за катастрофата дури откако беше откриено зголемено радиоактивно зрачење во Шведска.

На крајот, повеќе од 100.000 луѓе беа евакуирани од областа, а во таа област останаа само работниците кои го чистеа реакторот.

Радијација имаше од електраната до 2019 година, кога беше покриено со голем штит.

Во таа област, и покрај опасноста, бројот на туристи е зголемен по мини-серијата на ХБО „Чернобил“ од 2019 година, јави Бета.

Градот Припјат, кој некогаш имал 50.000 жители, претежно работници, сега е напуштен, а туристите се најмногу заинтересирани за посета на урнатините. Иако нивото на зрачење во зоната е доволно ниско за да можат да го посетат туристите, забранет е постојан престој.

Сепак, повеќе од 100 луѓе се уште живеат во пошироката област околу нуклеарната централа, и покрај наредбите да ја напуштат областа.

Долгорочните ефекти врз здравјето на луѓето остануваат предмет на интензивна научна дебата.

Веднаш по експлозијата, околу 30 работници во погоните и пожарникари починаа од радијација. Подоцна, илјадници луѓе починаа од болести поврзани со зрачење, како што е рак.

На изненадување на многумина кои очекуваа областа да биде мртва зона, таму се уште има див свет како мечки, бизони, волци, диви коњи и десетици видови птици.

Според научниците, животните биле многу поотпорни на зрачење отколку што се очекувало и можеле брзо да се прилагодат на силното зрачење.

Реакторите во Чернобил треба да бидат демонтирани до 2064 година.

Би можело да ве интересира

Украина: Руските војници кои беа во Црвената шума во зоната Чернобил во 2022 година не се живи

Горан Наумовски

Гроси: Најголемата нуклеарна централа во Украина е целосно надвор од контрола

А1он

Меѓународната агенција за атомска енергија ќе помогне во санацијата на штетите во Чернобил

МААЕ: Нивото на радиоактивност во Чернобил е нормално

А1он

Гроси: Нивото на радијација во Чернобил е ненормално

Триесет и шест години од несреќата во Чернобил