Дендиас од Израел: Турските прекршувања се опасност за безбедноста и стабилноста

Од:

Јасно им ставив на знаење на моите израелски соговорници дека турските прекршувања претставуваат опасност за сите земји од нашиот регион, опасност за безбедноста и стабилноста, порача од Израел шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, по средбите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за надворешни работи на Израел Габи Ашкенази.

Дендиас рече дека ѝ се заблагодарил на израелската страна за „јасниот став и позиција за турските прекршувања во Источниот Медитеран“, а со домаќините имал можност да поразговара и за прашањата поврзани со енергетиката, за Источен Медитеран, но и за економската соработка меѓу двете земји.

– Односите на Грција со Изрел се продлабочуваат, се развиваат, истакна Дендиас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел