Ден на жалост во Белгија поради загинатите во поплавите

Од:

Поради поплавите што ја зафатија Белгија оваа недела и кои до сега однесоа најмалку 23 животи, Владата прогласи ден на жалост на 20 јули.
Ова го најави денеска Владата на вонредна прес-конференција.

Дваесетти јули е денот пред националниот празник на Белгија, која на 21 јули секоја година го одбележува своето постоење како независна држава, со паради и присуство на кралската фамилија.

Комеморациите оваа година ќе бидат сведени на минимум, најави Владата, и ќе се одвиваат под знакот на сеќавање на жртвите од поплавите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Поплави во долината Неретва