Демонстранти во Белфаст грабнаа и запалија полициски возила

Од:

Во делови од Белфаст доцна синоќа избувнаа нови улични немири, кои доведоа до судири меѓу демонстрантите и северноирската полиција. Демонстраните во источниот дел од главниот северноирски град грабнаа четири полициски возила, кои веднаш потоа ги запалија, користејќи ги како барикада.

Насилниците, во најголем број млади луѓе, фрлаа молотови коктели по улиците, но засега нема сознанија за повредени меѓу припадниците на полициските сили или демонстрантите.

Полицијата само соопшти дека во немирите бил нападнат еден француски фоторепоретр, кој ги снимал случувањата во Белфаст и притоа му била украдена камерата.

Силите на редот, синоќа одново користеа водени топови во обидот да ги растераат насилните демонстранти.

Немирите почнаа околу 23 часот по локално време (полноќ по средноевропско време) и траеја до доцна во ноќта. Улични немри во помал обем имаше и во реонот на Антрим.

Уличните насилства и демонстранции во Северна Ирска траат веќе петта ноќ по ред, откако во петокот вечерта, протестантскиот „Ред на Портокаловите“ повика на протести, затоа што полицијата им забрани на учесниците на традиционалниот марш на оваа организација да поминат по улицата која ги разделува протестантскиот и католичкиот дел на Белфаст.

Водачите на „Редот на Портокаловите“ подоцна ги откажаа протестите, но од тогаш не престануваат уличните немири, иако тие се со помал обем од оние на 12 јули.

Традиционалните летни маршеви и паради на протестантите низ градовите на Северна Ирска се одржуваат во знак на сеќавање на воена победа на протестантската војска над католичката во 17-от век.

Членовите на „Редот на Портокаловите“ сакаат да маршираат и низ квартовите на Белфаст во кои живеат католици, но локалната комисија за маршеви и полицијата тоа не го дозволуваат, со цел да се спречат судири од поголеми размери меѓу припадниците на двете верски заедници.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

А1он

Почина Дејвид Тримбл поранешeн премиер на Северна Ирска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска