Демонстранти упаднаа во зградата на либискиот парламент во Тобрук

Од:

Демонстранти синоќа упаднаа во либискиот парламент во Тобрук и запалија оган пред зградата за да го покажат својот гнев кон завојуваните политички партии во Либија.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат странските агенции, безбедносните сили кои го штитат парламентот се повлекоа од местото на настанот.

Во петокот се одржаа протести во Тобрук, Бенгази и некои помали градови поради неуспехот на владата.

Либија е во хаос од бунтот поддржан од НАТО во 2011 година, кога беше соборен Моамер Гадафи. Во 2014 година, таа се подели меѓу завојуваните источни и западни фракции пред почетокот на мировниот процес што започна во 2020 година за повторно обединување на земјата.

Сепак, откако закажаните избори беа стопирани во декември, парламентот со седиште во источниот дел објави дека привремената влада на единството на Абдулхамид ал-Дбеибаха е со истечен мандат и го назначи Фати Башага да го замени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 13 загинати во судирите во главниот град на Либија

Улични борби во Триполи

ОН го осудија упадот на демонстрантите во парламентот на Либија во Тобрук

Ана Ололовска

Бродот „Оушн Викинг“ спаси 158 мигранти во Медитеранот

Ана Ололовска

Башага и неговите министри го напуштија од Триполи

Ана Ололовска

Судири во Триполи при обид владата на Фати Башага да ја преземе власта од ривалскиот кабинет на Абдел Дбеиба

Ана Ололовска