Демократот Рафаел Варнок прогласи победа во Џорџија

Од:

Демократот Рафаел Варнок прогласи победа во трката со републиканската противкандидатка Кели Лефлер за едно од двете места во Сенатот на изборите во сојузната држава Џорџија, јавија телевизиите Си-Ен-Ен, Си-Би-Ес и Ен-Би-Си.

Како што пренесуваат медиумите, Варнок стана првиот афро-американски сенатор избран во Џорџија и оваа победа им дава шанса на демократите да ја преземат контролата врз Сенатот на почетокот на мандатот на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Демократите мора да ги освојат двете места во изборната трка во Сенатот за да имаат мнозинство.

Сепак, сè уште е рано да се прогласи победник во трката меѓу демократот Џон Ософ и републиканецот Дејвид Пердју.

Во изборната трка за две места во Сенатот, која ќе одлучи кој ќе го контролира тоа тело, учествуваа по двјца демократи и републиканци: Ворнок и Лефлер од една страна, и Ософ и Пердју од друга.

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва