Демократите досега со осум сигурни номинации за претседателската трка во 2020 година

Од:

Камала Харис, сенатор во американскиот Сенат од сојузната држава Калифорнија, денеска објави номинaција за кандидат за претседател на изборите во 2020 година.

Таа е една од четирите други жени демократки, кои изразија подготвеност да учествуваат во претседателската трка. Останатите се Елизабет Ворен, сенаторот од државата Масачусетс и поранешен професор на Харвард, нејзината колешка Кирстен Џилибранд, сенатор од Њујорк и конгресменката од Хаваи, Тулси Габард.

Харис укажа дека како кандидат за претседател ќе се бори за праведна држава и еднаквост, права, слобода и демократија за сите. Таа подвлече дека овие мошне заначајни вредности за граѓаните на САД сега биле загрозени.

Харис во 2011 беше избрана за јавен обвинител на Калифорнија и беше реизбрана на нов мандат по три години. Во 2017 година стана сенатор и позната е како прв црномурест претставник избран за сенатор од оваа сојузна држава во историјата на Калифорнија.

Досега вкупно деветмина демократи најавија дека ќе учествуваат во претседателската трка за која набљудувачите велат дека ќе биде интересна поради големиот број кандидати и нивните различни искуства и биографии.

Претходно, своја сигурна номинација потврдија уште неколкумина како Хулиан Кастро, поранешен министер за станбени прашања и поранешен градоначалник на Сан Антонио и Ричард Оеда, поранешен сенатор од Западна Вирџинија и воен ветеран.

Можна кандидатура се очекува и од поранешниот потпретседател Џо Бајден, како и од Берни Сандерс, сенатор од Вермонт.

Би можело да ве интересира

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина