Демографија на светот: Колку навистина не има?

Од:

Бројот на новородени во светот драстично се намалува. Во последните 40 години за дури една половина. Но, од друга страна, далеку повеќе новородени деца успеваат да преживеат и да се одржат во живот. Значи, бројот на жителите всушност не се намалува.

Моментално на Земјата живеат повеќе од седум милијарди луѓе. И овој број е во постојан пораст. Научниците веќе подолго време предупредуваат на опасноста од пренаселеност и дека само е прашање на време кога таа ќе настапи. Во таа смисла, најновите бројки на германската Фондација на жителите на светот на прв поглед делуваат збунувачки.

Имено, тие покажуваат дека во светот во просек, од 1970 година до денес бројот на родени деца по една мајка е двојно намален. Статистички гледано, една жена пред 40 години во просек добивала 4,7 деца. Денес таа, гледајќи од иста перспектива, добива 2,5 деца. Но, наспроти тоа, податоците на наведената фондација покажуваат бројот на населението на нашата планета драстично се зголемува. – Тоа е поради тоа што се зголемува бројот на новородени деца кои преживуваат бидејќи медицинската нега е многу подобра од пред 40 години – вели Уте Шталмајстер од оваа фондација.

Независно од моменталниот наталитет, т.е. од бројот на родените, Рут Милер од берлинскиот Институт за население и развој тврди дека постои причина за загриженоста околу тоа дали човештвото во иднина ќе има доволно место и храна за живот на Земјата.

– Моментално се чини дека сме целосно немоќни по прашањето за раст на бројот на жителите. Но, тоа со време ќе се промени. Да го земеме т.н. репродуктивно ниво. Тоа е статистичко средство кое бројот на жителите го држи постојан, без зголемување или намалување. Притоа бројот на новородените во просек мора да изнесува 2,1 дете по мајка. Ако жените раѓаат помалку деца, бројот на жителите се намалува и обратно – вели таа.

Клучот е во образованието

– Меѓутоа, дури ако наталитетот денес падне, бројот на жителите и понатаму ќе расте сметајќи дека моментално има многу жени кои се уште се на возраст кога можат да раѓаат. Тоа може да се промени дури за неколку години. Но, на добар пат сме – објаснува Милер. Тоа важи и за Африка каде бројот на родените деца по жена во последните 40 години од 6,7 деца се намалил на 4,7. Тоа во секој случај е добар знак. Ваквиот развој покажува дека денес има се повеќе жени кои сами одлучуваат кога и колку деца сакаат – вели таа.

Се уште има проблематични региони, а еден од нив е и регионот јужно од Сахара. Таму секоја четврта жена која сака да спречи бременост тоа не е во состојба да го направи. Конкретно тоа значи дека во овој регион годишно доаѓа до околу 80 милиони несакани бремености. Оваа состојба може да се спречи само со подобрено образование. – Колку лицето е пообразувано, толку има посилна желба да го контролира бројот на децата. На пример во Гана каде образованието е во подем, се повеќе жени користат контрацептивни средства и со самото тоа добиваат помалку деца. Имено, порано жените верувале дека тие средства се нездрави – вели Милер.

На жените им треба поголемо образование

Уте Шталмајстер додава дека би било потребно да се зајакнат здравствените системи воопшто, контрацептивните средства да станат по пристапни. Таа наведува дека и можноста за вработување доведува до тоа жените да раѓаат помалку деца или пак во подоцнежни години. – Но, наспроти тоа мислам дека во Африка наскоро нема да дојде до бројка од 2,1 дете по жена. Тоа моментално би било премногу. Тоа ќе значи и големо мешање од надвор во нивното планирање на семејството, а тоа не го сакаме – вели таа. Додава дека ни политиката за едно дете каква што се спроведува во Кина не води кон целта. – Кинезите додуша го намалија бројот на новородени но сега стојат пред проблем на општество кое старее – вели таа.

– Тоа што сега е важно е да се погрижиме околу тоа во Африка да се намали бројот на жените кои остануваат бремени без да сакаат. Ако ни успее тоа, ќе го намалиме растот на наталитетот за една третина – вели Рут Милер. Таа додава дека многу африкански земји се на добар пат да го решат проблемот. – А кога во тие земји ќе се подобри економската состојба, тогаш и овој проблем ќе се реши сам од себе. Колку општеството е поразвиено, толку се намалува и бројот на новородени деца – вели таа.

Дојче веле – Бон

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска