Поради делта-сојот „војната“ против Ковид-19 се промени предупедува Центарот за контрола и превенција на болести. Според интерниот документ на Центарот делта-сојот се шири исклучително брзо, заразен е како овчите сипаници и се пренесува побрзо од обичниот грип.
Според податоците на истражувањето, шансите на вакцинираните за заболување се драстично помали во однос на невакцинраните, но во ситуација кога вакцинарите ќе заболат го шират вирусот со ист интензитет како и невакциниарните.
Директорката на ЦДЦ Рошел Валенски ја потврди автентичноста на овој сè уште необјавен документ.
„Мислам дека луѓето треба да разберат дека овде не претеруваме. Ова е сериозно. Тој е еден од најпреносливите вируси за кои знаеме “, рече Валенски.
Сепак, документот исто така посочува дека вакцинираните лица се побезбедни, бидејќи вакцините спречуваат повеќе од 90 проценти од сериозни болести. Проблемот со вакцините против коронавирус е што тие се помалку ефикасни во спречување на инфекцијата и пренесувањето на вирусот.