Делови од норвешки авион паѓале врз станбена населба во Рим

Од:

Метални делови од „Боинг 787“ на норвешката авиокомпанија „Норвежиан“, што набрзо по полетувањето се откинале од авионот, паѓале како „ дожд од куршуми“ врз околната станбена населба, во непосредна близина на римскиот аеродром.

Врз граѓаните кои живеат во населбата во непосредна близина на аеродромот Леонардо Да Винчи во Фјумичино, во саботата, паѓале помали метални делови од авионот со големина од околу 20 сантиметри, пренесува британски Индипендент.

Еден од жителите изјавил дека сето тоа наликувало на дожд од челик и метал, и дека заради тоа побегнал во својот дом.

На подрачјето Исола Сакра, што се наоѓа јужно од градот и аеродромот, оштетени се десетина автомопбили и куќи, а едно лице пријавило полесни изгореници.

Отворена е официјална истрага за инцидентот, а засега е познато дека пилотот се откажал од планираниот лет за Лос Анџелес и дека авионот го вратил на римскиот аеродорм.

Претпоставка е дека деловите се од левиот мотор на авионот, но се уште не е познато за каков дефект станува збор и дали 298-те патници во авионот било изложени на опасност.

Портпаролката на авиокомпанијата „Норевжиан“ изјавила дека има индиции за „технички дефект“ и додала дека авионот слетал безбедно.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Авион на Ер Индија се врати во Чикаго по 10 часа лет – 300 патници делеа еден тоалет

А1он

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он