Дејвид Камерон: Стравот од повторување на ирачкото сценарио е пречка за меѓународна интервенција

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека стравот од повторување на ирачкото сценарио во Сирија ја спречува меѓународната заедница воено да интервенира во оваа блискоисточна земја.

Камерон изрази загриженост што стравот од избувнување војна во Сирија, како што тоа се случи во Ирак, по американско британската воена интервенција во март 2003 година, целосно го блокира Западот кој е силно резервиран кон военото вклучување во двегодишните судири меѓу бунтовниците кои сакаат да го урнат претседателот Башир ал Асад од власт и сириската армија.

Официјален Лондон е најсилен заговарач за меѓународна интервенција во Сирија, како и во случајот со Либија, кога беше соборен од власт, а потоа и ликвидиран полковникот Моамер Гадафи. Во либиската интервенција, Велика Британија ја имаше поддршката на Франција и на НАТО, но сега европските сојузници се многу повнимателни кон една воена интервенција.

Велика Британија прва објави и дека има сознанија дека во Сирија е употребено мало количество нервен гас, а весникот „Тајмс“ објави дека со помош на британските разузнавачки агенции прошверцувана е почва од околината на Алепо во една британска воена лабораторија, во потргата по доказ за користењето на сарин, од страна на сириската армија.

Потоа и САД објавија дека имаат разузнавачки сознанија за ограничената употреба на сарин, без да се каже каде и кога е употребен.

ЕУ, меѓутоа одбива и натаму да прифати дека било користено оружје за масовно уништување во борбите во Сирија, се противи на укинување на ембаргото за оружје за сириските бунтовници како и на уште една воена интервенција во муслиманскиот свет.

Отпорот станува посилен откако САД и Велика Британија прогласија дека хемискито оружје би било „црвената линија“ до која Западот би можел да го толерира Асад. Камерон сега наоѓа изговор за запирањето на интервенцијата со „стравот од Ирак“, но инситира дека овојпат разузнувачите се многу повнимателни во споредба со она што се случуваше од пред десет години.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он