„Дејли мирор“: Американските и британските разузнавачи знаат кој е џихадистот „Џон“

Од:

Американските и британските разузнавачи го знаат идентитетот на џихадистот на Исламска држава (ИД), прикажан маскиран на видео снимката од пред егзекуцијата на американскиот новинар Џејмс Фоли, пишува лондонски „Дејли Мирор“, повикувајќи се на извори во разузнавачките агенции.

Според весникот, американските разузнавачи користеле технологија за откривање на ликот на џихадистот, познат по прекарот „Џон“ само според неговите очи кои единствено се гледаа на снимката.

– Ние сме сега 99,9 отсто сигурни во тоа кој е „Џон“, изјавил за лондонскиот весник еден американски извор кој признал дека истрагата мора да дејствува претпазливо и бавно за да се разоткрие и мрежата на џихадистите на територијата на Велика Британија.

Британски разузнавачки извор за весникот рекол дека целосниот идентитет ќе биде познат во „следните неколку денови“.

Весникот тврди дека американските и британските разузнавачки експерти успеале преку идентитетот на „Џон“ да откријат и кои се другите двајца од групата џихадисти „Битлс“ која била вклучена во чувањето на заробениците и киднапираните лица што ИД ги има земено на сириската територија, како и во ликвидирањето на Фоли и на другиот Американец, Стивен Сотлоф. Оваа група џихадисти кои имааат прекари „Џон“, „Пол“ и „Ринго“ се закануваат дека ќе биде ликвидиран и британскиот заробеник Дејвид Хејнс.

Засега не се знае само дали снимениот џихадист „Џон“ е дел од пропагандната видео снимка на ИД за заплашување на САД и Западот за да не ги бомбардираат нивните позиции во Ирак, или директно бил вклучен во убиството на американскиот новинар Фоли.

Сите осомничени џихадисти се Британци, лоцирани во реонот на англиската област Западен Мидлендс, и добро познати на британските разузнавачи, затоа што се поврзани со неколку неуспешни обиди за терористички напади во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

A1on

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски