Де Блазио: Нема потенцијална терористичка закана за Њујорк

Од:

Нема податоци за непосредна терористичка закана врз Њујорк ипокрај предупредувањето од новата видео-порака на Исламска држава дека најнаселениот град во САД е потенцијална цел на напади како Париз.

– Нема конкретна закана за Њујорк, изјави градоначалникот Бил де Блазио. Тој ги повика жителите на градот да продолжат со нормалниот живот.

Во видео пораката на ИД има кадри од Тајмс сквер и Хералд сквер, но и инсерти од Париз и на претседателот Оланд.

Де Блазио рече дека во Њујорк има 35 илјади полицајци кои не би дозволиле нови напади во Њујорк.

– Пред една недела почна со работа и Командата за брз одговор и таа постепено ќе се зголеми на 500 припадници чија одговорност ќе биде антитерористичка дејност, изјави Де Блазио. Новата единица ќе биде дополнение на 1000-та офицери кои веќе работат на антитерористичка програма.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас