Даунинг стрит 10: Се уште не утврден датум за посетата на Трамп

Од:

Даунинг стрит 10 денеска соопшти дека „се уште не е определен датумот“ за посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија.

Претставник на Кабинетот на британскиот премиер ги отфрли како неточни тврдењата во некои медиуми дека Трамп ќе престојува во државна посета на Велика Британија на почетокот на октомври годинава, оквалификувајќи го таквото пишување како „шпекулација“.

Првично се споменуваше дека претседателот на САД ќе допатува во Велика Британија на почетокот од летото, но по најавите дека посетата може да биде проследена со масовни протести, се појавија сугестии дека би било најдобро таа да се одложи за „некој подоцнежен датум“.

Изминаите денови, британските медиуми пишуваа дека посетата би можеле да се случи во време на одржувањето на есенските партиски конференции, па дури и дека Трамп би се обратил собирот на владејачката Конзервативна партија, што наиде на остри напади од страна на опозициските лабуристи како „целосно неприфатливо“.

Најавено е дека американскиот претседател двапати ќе престојува во Европа во текот на оваа година, еднаш на средбата на сојузниците од НАТО, а потоа и на Самитот на Г20 во Хамбург. Претпоставка беше дека тие патувања Трамп ќе ги искористи и за државна посета на Велика Британија како гостин на кралицата Елизабета Втора и да престојува во кралската Бакингамска палата.

Повеќе од 1,8 милиони Британци ја потпишаа интернет петицијата против ваквиот карактер на посетата на Трамп, а пратенци и од двете главни партии оценуваат дека инсистирањето на Владата за државна посета ја става кралицата во „крајно незгодна ситуација“, кога големо мнозинство од населението е против тоа.

Спикерот на Парламентот, Џон Беркоу веќе соопшти дека е против тоа Трамп да зборува во Вестминстер, несогласувајќи се со неговите ставови и позиции кон мигрантите и женте.

Висок функционер на Владата во Лондон за „Сан“ изјави дека Трамп сака да престојува годинава во Велика Британија, но дека Белата куќа претходно сака малку „да се смират страстите“.

Британската премиерка Тереза Меј направи преседан поканувајќи го Трамп во државна посета на Велика Британија, само седум дена по неговата претседателска инаугурација на 20 јануари.

Барак Обама чекаше да поминат 28 месеци од влегувањето во Белата куќа пред да биде гостин на кралицата, додека Бил Клинтон и пред него Роналд Реган, кои минаа по два манадати како претседатели, никогаш не беа поканети во државна посета на Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он