Даунинг стрит 10 го осуди однесувањето на трговијата околу скандалот со коњското месо

Од:

Даунунг стрит 10 го осуди денеска однесувањето на британските трговски компании вмешани во скандалот со коњското месо.

Претставник на кабинетот на британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека е неприфатливо досегашното молчње на трговците, кои во разни производи продвале коњско месо, наместо говедско, без разлика што оваа афера не се однесува само на Велика Британија, туку има зафатено 16 европски земји.

Британските власти започнаа темелна проверка на месните проозводи, посебно на подготвените плескаввици, ќофтиња, како и на полуготовите јадења, како лазањите и болоњезе шпагетите, во кои треба да има само говедско мелено месо.

Осудата од Даунинг стрит 10 доаѓа по откритието дека кај осум заклани коњи во Велика Британија, во месото се најдени траги од лекови против болки и хемиски препарати кои може да предизвикаат здравствени проблеми кај луѓето доколку јадат такво месо.

Претставник на британска агенција за храна објасни дека е забрането продавање и конзумирање на месо од домашни животни во кое има сосотојки од фенилбутазонот. Овој препарат е најден кај заклани коњи, иако засега не се знае дали тие се британски или се внесени од некоја европска земја каде ваквото месо повеќе се користи.

Здравствени експерти и натаму тврдат дека коњското месо не е штетно за луѓето, доколку во него нема штетни материи внесени при одгледувањето или пред колењето.

Британската полиција, сепак, покрена истрага во две кланици во Велс и Западен Јоркшир. Три лица се уапсени под обвинениен за измама, бидејќи полицијата се сомнева дека кланиците знаеле оти во подготвувањето на мешавината од мелено месо, се става и коњско.

Аферата почна минатиот месец, кога инспекцијата во Даблин откри дека во плескавиците што се продаваат покрај говедско, има и коњско месо. Такавата недозволено мешавина беше најдена и во сампослугите на британските трговски компании „Теско“, „Ајсленд“„ „Лидл“ и „Алди“, поради што Велика Британија започна своја истрага за овој случај.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он