Данското воено разузнавање соопшти дека формира „академија за хакери“ во која ќе се обучуваат копјутерски инженери.
Во мала група, која ќе почне со обуката, вклучени се најдобрите лица во својата област.
– Целта не е да се обучат да бидат хакери, туку да се стекнат со вештини, кои ќе им користат за собирање на разузнавачки податоци во странство. Обуката ќе трае 4,5 месеци и ќе почне во август, се наведува во соопштението на данското воено разузнавање.