Данската војска се подготвува за евентуален напад врз Гренланд

Од:

Данската војска започна сериозни подготовки за евентуален напад врз Гренланд.

Како што објавија агенциите, извидувачка мисија во Гренланд, предводена од Данска, треба да утврди дали е можно распоредување на борбени авиони „Еурофајтер“, како и дали е можно поморско набљудување со вклучување на фрегати, изјави денес портпаролот на германското Министерство за одбрана.

„Станува збор за проценка на безбедноста на Арктикот и до кој степен можеме да придонесеме за ова заедно со нашите партнери од НАТО“, рече портпаролот, објави Ројтерс.

Тој, исто така, изјави дека се планираат вежби, на пример со поморски патролни авиони „П-8 Посејдон“, како и распоредување на фрегати или други поморски единици за поморско набљудување, додавајќи дека е можно и користење на авиони „Еурофајтер“.

Данска и Гренланд го зголемуваат своето воено присуство во и околу Гренланд со сојузниците на НАТО како дел од воените вежби на Арктикот, претходно објави војската на Гренланд.

„Целта на вежбите е да се развијат вештини во уникатните услови на Арктикот и да се зајакне присуството на арктичката заедница на начин што придонесува за безбедноста во Европа и Атлантикот“, се вели во соопштението.

Данската премиерка Мете Фредериксен претходно изјави дека одбраната на Гренланд е „заедничка грижа“ за целиот НАТО, во време кога војници од неколку европски земји пристигнуваат на арктичкиот остров за да ја зајакнат безбедноста.

Според неа, воени сили од Франција, Германија, Норвешка и Шведска во четвртокот беа на пат кон Гренланд, кој е автономна територија во рамките на Кралството Данска, додека Копенхаген, исто така, објави зголемување на сопственото воено присуство.

Би можело да ве интересира

Крозето: НАТО треба да се обедини околу Гренланд

Европа испраќа 34 војници да го „одбранат“ Гренланд од САД

Белата куќа потврди дека САД ќе го „преземат“ Гренланд: „Не е важно што европските војници се таму“

Министерката за надворешни работи на Гренланд се расплака по состанокот во Белата куќа

Данска: Одбраната на Гренланд е заедничка одговорност на НАТО

Макрон: Испраќаме воен брод во Гренланд