Данската Влада со 130 милиони евра ја зајакнува борба против тероризмот

Од:

Данската Влада одделува 970 милиони дански круни (130 милиони евра) со цел да ги зајакне мерките во борбата против тероризмот, како и за подобрување на работата на агенциите за внатрешно и надворешно разузнавање.

Мерките беа објавени по седницата на Владата и се очекува опозицијата да ги одобри.

Одлуката беше донесена по нападите во Копенхаген. Нападите ги изведе 22-годишен Палестинец со данско државјанство, при што загинаа две лица, а пет полицајци беа повредени. Напаѓачот беше застрелан од страна на полицијата.

Предвидено се и 415 милиони круни (околу 55,7 милиони евра) за интензивно набљудување на Данците кои се присоединуваат кон џихадистичките групи. А, 200 милиони круни (околу 26,8 милиони евра) ќе бидат обезбедени за Агенцијата за внатрешно разузнавање, за да може да реагира на вонредни ситуации, поврзани со терористичка закана и да ги следи осомничените лица.

За подобрување на информатичките и технолошките системи за разузнавање ќе бидат пдвоени 150 милиони круни (околу 20,1 милиони евра).

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ